Во енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите. Она што сега следува е фокусирање на проектот Бошков Мост, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и се надевам дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чини меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години. Следен проект кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на Европската банка и Европската инвестициона банка е проектот Бошков Мост кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија. Во план е исто така изградбата на Луково, но и тука сме во преговори со Светската банка за поддршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина.
Во енергетиката, Владата има планирано неколку проекти со што ќе бидат инвестирани преку 500 милиони евра од Владата и плус средства од концесионерите, најави премиерот Никола Груевски.
-Она што сега следува е фокусирање на проектот Бошков Мост, додека проектот Чебрен и Галиште се проекти кој што добиваат полека своја завршница и се надевам дека ќе завршат со успех. Само Чебрен и Галиште е проект кој ќе чини меѓу 600 - 700 милиони евра и кој што во моментот се градат ќе влијаат на БДП од околу 2 отсто, а ќе се градат околу седум години - рече Груевски.
Следен проект кој што директно Владата ќе го инвестира со подршка на Европската банка и Европската инвестициона банка е проектот Бошков Мост кој што ќе чини 80 милиони евра и ќе биде значаен капацитет во енергетскиот систем на Македонија.
-Во план е исто така изградбата на Луково, но и тука сме во преговори со Светската банка за поддршка на овој проект. Тоа е на самата граница на Косово. Друг проект е истражувањето во Мариово за отворање на нов рудник во иднина - рече Груевски.
Според него, досегашните податоци укажуваат дека количината на руда веројатно ќе биде доволна за отворање рудник што неколку години ќе биде експлоатиран и ќе го продолжи векот на македонските енергетски капацитети, односно ќе овозможи изградба на нова термоцентрала од 300 мегавати.